Рудплан - Вашиот партнер во рударскиот бизнис

Предфизибилити студии PDF Печати Е-пошта

Рудплан работи со тимот на клиентот за подготовка на предфизибилити студии.  Предфизибилити студијата е среден чекор во инженерските студии кој е потребен за проценка на рударскиот проект.  Тој вообичаено се заснова на одредена инженерска основа (понуди за главните компоненти добиени генерално од еден снабдувач).

Целта на предфизибилити студијата е одредување релевантност за инвестирање во подготовката на физибилити студијата. Мора да се обрне внимание на следните компоненти:

  • Минерални ресурси и минерални резерви;
  • Рударски методи;
  • Темпо на откопување, дробење и мелење
  • Проектирање на рудникот и животен век на рудникот;
  • Прашања околу животната средина и потребни работи за добивање еколошка дозвола;
  • Прелиминарна студија на пазарот;
  • Проценка на капиталните трошоци;
  • Проценка на оперативните трошоци;
  • Финансиска и чувствителна анализа;