Профил на компанијата Печати

Рудплан е изграден врз искуството на неговите луѓе кои имаат солидно искуство во рударството, рударската геотехника, геологијата и животната средина.

Искуството на овие професионалци е собрано со повеќегодишното стекнување знаење и со работата низ рударските компании во Македонија.

По првичните задачи за обезбедување услуги во сите фази од рударството, подготовката на минерални суровини и проектирањето, знаењето на Рудплан се прошири вклучувајќи го и секторот на животната средина и управувањето со операциите.

Рудплан им нуди на клиентите широк опсег на технички и инженерски услуги за проект со било каква големина. Ангажманот на Рудплан може да се случи во секое време во текот на животниот циклус на проектот, од фазата на истражување или концептната фаза и физибилити фазата до стратегиите за развој на постројки и за затворање.

Тимот на Рудплан се состои од персонал од надарени и искусни инженери, техничари и проектни менаџери со обемно искуство. Независно од опфатот на проектот, менаџментот на Рудплан му дава потполна автономија и ресурси на проектниот персонал за да му служи на клиентот на најефикасен начин. Дополнително, филозофијата на Рудплан го нагласува учеството на клиентот во сите фази на проектот за да се осигура задоволството на клиентот.

Нашите услуги се дизајнирани на тој начин што донесуваат вредни придобивки нудејќи:

  • Гаранција – нашите проектанти се целосно обучени за најновите рударски технологии
  • Доверба – професионалците кои ќе ги ангажирате се водечки во нивната област
  • Практичност – решенија кои нудат вистински придобивки на научно или оперативно ниво