Проценка на влијанието врз животната средина Печати

Без оглед на тоа дали се работи за рударски проекти или за проекти за ПМС, тимот на Рудплан е способен за спојување на извештаите за животната средина почувајќи од проверка на нивоата на проценка до сеопфатни Проценки на влијанието врз животната средина (EIA) за одобрување од владините институции.

Рудплан има развиено знаење за изведба на Проценки на влијанието врз животната средина за индустриски типови на проекти. Кога е тоа можно, Рудплан го здружува својот тим со локалните познавачи на животната средина за теренска работа за прибирање основни податоци.

Освен Проценки на влијанието врз животната средина за „гринфилд“ проекти, Рудплан врши Проценки на влијанието врз животната средина за „браунфилд“ проекти каде е потребен темелен преглед и анализа на тековните операции.

Услуги:

  • Интерпретација и советување за локалните процеси за Проценка на влијанието врз животната средина;
  • Анализа на изборот на локација;
  • Јавни консултации преку средби со групи и фокус-состаноци;
  • Собирање и интерпретација на основни био-физички податоци;
  • Собирање на социо-економски податоци (податоци од секундарен тип и истражувања);
  • Проценки на влијанието и мерки за ублажување.